Skip to main content
Апр 29, 2024
Парламентарни избори 2024
Караванот на ЗНАМ – За наша Македонија синоќа беше во Охрид со кандидатите за пратеници во ИЕ 5 и претседателот на Движењето, Максим Димитриевски. Во изјавата за медиумите Димитриевски рече дека разговараат со граѓаните на различни теми што се од нивен интерес. Во однос на сето она што било изнесено во медиумите за сите можни коалиции, Димитриевски кажа дека за тоа се уште не е донесена одлука од партиското раководство , но дека едно е сигурно, нема да влегуваат во коалиција во која е ДУИ.

Апр 29, 2024
Претседателски избори 2024
Кандидатот за претседател од СДСМ , Стево Пендаровски ги охрабри охриѓани масовно да гласаат на 8 мај и да ја го поддржат неговиот концепт за европска Македонија во која нема делби меѓу граѓаните по ниту една основа. Само бројот 1 е рецептот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија,порача Пендаровски.

Апр 29, 2024
Претседателски избори 2024
Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат. Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од овој претседател. Ветувам дека ќе ве направам горди!“, рече Давкова пред вевчанци.

Апр 29, 2024
Општина Охрид
Украсите  се дело на академскиоит  скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во  ООУ Ванчо Николески од Лескоец.

Апр 29, 2024
Регулаторна комисија за енергетика
Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари.

Апр 29, 2024
Предвелигденска „Импровокација“ ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во петок, 3 мај.

Апр 29, 2024
Граѓанската платформа Охрид Сос изразија загриженост во врска со загадувањето на Охридското езеро на потегот каде што се влева Сатеска.

Апр 29, 2024
МТСП
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во сите отворени филијали и експозитури на банките, за сите приматели.

Апр 29, 2024
Православен календар
Сите денови од Страдалната седмица се нарекуваат „Велики“, заради величието на настаните што се празнуваат во тие дни. Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби.