Мај 31, 2024
охрид трчат
Времен режим на сообраќај за осмото издание на „Охрид трчаТ“
Времен режим на сообраќај ќе биде воведен на 2 јуни за време на одржувањето на главниот настан од осмото издание на „Охрид трчаТ“.
Мај 31, 2024
Светски ден без тутун
Децата и младите се новата мета на тутунската индустрија
Децата и младите и растечкиот тренд на користење на електронските цигари, во фокусот на годинешната глобална кампања за борба против пушењето.
Мај 30, 2024
ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за поставување урбана опрема за забава на отворено
Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот (29.05.2024) па се до 04.06.2024 година (вторник) до 12:00 часот.
Мај 30, 2024
Во сабота ќе се полага првиот екстерен испит
Од оваа година наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.
Мај 30, 2024
СВР Охрид
Поднесени пријави против две лица за измами по телефон за лажни сообраќајки
Телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви.
Мај 30, 2024
Балканските прваци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на прием кај градоначалникот Пецаков
Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ изразија голема благодарност кон градоначалникот Кирил Пецаков и локалната самоуправа за подршката која ја даваат при спроведувањето на активностите поврзани со учеството на овој престижен меѓународен натпревар.
Мај 30, 2024
Рекреативниот риболов да се врати во туристичката понуда на Охрид
Странските туристи кои го посетуваат Охрид се заинтересирани за рекреативен риболов на Охридското езеро. Тоа е една добра туристичка приказна, но не може да се реализира бидејќи рекреативниот риболов не е дозволен , вели Љупчо Стојкоски, туристички работник и рекреативен рибар. Интересот е голем кај странските туристи, пред се од Холандија, Полска и Англија, но и голем број домашни гости се заинтересирани за рекреативен риболов.
Мај 29, 2024
Д-р Шокаровски: Кому му одговара да се уништи успешната приказна на државна кардиохирургија?
Моето разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада не можe да се именуваат ниту да се разрешуваат директори, кажа д-р Марјан Шокаровски, на денешната прес-конференција на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија. Тој потенцира дека не се точни наводите дека смртноста на Кардиохирургија се зголемила откако тој е назначен за директор, туку постои тренд на намалување на смрноста , а ги демантираше и наводите дека постојат 170 фантомски пациенти кои не се внесени во системот. Според Шокаровски, ова е оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Директорот на Клиниката за кардиохирургија, пред два дена бeше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство Илир Демири.
Мај 29, 2024
Ќе се преосветува манастирот Свети Јован Владимир во село Подгорци
За прв пат после сто години единствената црква посветена на големиот светител е фрескоживописана со велелепни и уникатни фрески. Свечениот чин на преосветување ќе се случи на 04 јуни.