Skip to main content
Апр 16, 2024
Совет на Општина Охрид
На денешната 40та седница на Советот на Општина Охрид беше презентирана Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона. Советниците ја усвоија информацијата за студијата за касарана како и сите точки од дневниот ред, без поголема дискусија.

Апр 16, 2024
Tеатарски клуб од Младински Центар Охрид
„Премотај и почни одново” е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead” од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Апр 16, 2024
ООМУ “Методи Патче“
На годинешниот петти јубилеен Меѓународен натпревар за млади музичари со учесници од државата и странство има рекордни 500 учесници.

Апр 16, 2024
Центар за јавно здравје Охрид
Центар за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, за станоиздавачите, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите.

Апр 16, 2024
Општина Охрид
Охрид ќе добие рекреативно авантуристички парк кој ќе биде најголем од тој тип во Југоисточна Европа, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Апр 16, 2024
Црвен крст Охрид
13 екипи со преку 150 млади на 7 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош .

Апр 15, 2024
Првиот дел од еднодневната работилница насловен Ендуваскуларен третман на акутен исхемичен мозичен удар со Тренинг на симулатор е наменет за интервентни кардиолози, неуролози, неурохирурзи и радиолози. Останатиот дел од програмот е наменет за доктори од сите специјалности , доктори по општа медицина и студенти.

Апр 15, 2024
Претседателски избори 2024
Билјана Ванковска, претседателската кандидатка на Левица, од Охрид порача дека нема да дозволи внесување на Бугарите во Уставот и дека нејзина заложба е сосема нов Устав зашто постоечкиот, според неа не само што не е употреблив, туку ги дели граѓаните место да ги сплотува. Посочи дека во отсуство на вистинска претседателска дебата, таа и Левица говорат меѓу граѓаните. Пред охриѓани на градскиот плоштад Ванковска презентираше делови од програмата, а во дирекни разговори со присутните се задржа и на горливи проблеми со кои се соочуваат.

Апр 15, 2024
За на 26-ти април е закажано судењето за набавката на службени автомобили, додека пак за 22-ри мај за повреда на законските прописи при именување на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа..