Skip to main content
Апр 9, 2024
Општина Охрид
Беше извршено хортикултурно оплеменување на просторот, чистење на патеките, засадување на цвеќе и уредување на тревните површини низ муслиманските гробишта.

Апр 9, 2024
Државен празник
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.

Апр 8, 2024
Претседателски избори 2024
По Вевчани и Струга, карванот на Движењето ЗНАМ денес на непосредни средби со охриѓани. Кандидатот за претседател Максим Димитриевски рече граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои.

Апр 8, 2024
Регулаторна комисија за енергетика
Моторниот бензин еуросупер БС-98  поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото еуродизел БС и екстра лесното масло за домаќинство.

Апр 8, 2024
СВР Охрид
Викендов пријавени биле два пожари, во едниот случај горела трска на стариот пат Охрид-Струга, а во вториот случај отпад и нискостеблеста вегетација на ул Железничка.

Апр 8, 2024
МВР
Безбедносната состојба е поволна, се бележи намалување на кривичните дела и сообраќајни незгоди во Охрид, а досега без проблеми се одвиваат и активностите во изборниот процес, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев при денешната посета на СВР Охрид.

Апр 8, 2024
Општина Охрид
Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да работиме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Апр 8, 2024
Од охридскиот огранок на Левица уште еднаш ги повикаа сите надлежени да ги преземат сите мерки и итно да ја вратат на старото место на ул „Димитар Влахов“ спомен плочата од НОБ.

Апр 8, 2024
Претседателски избори 2024
Кандидатката за претседател  Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред стружани рече Струга е во зоната на самракот,  во градот владее феудализам. Но идна власт ќе вложи во заштитата на живтоната средина и развојот на туризмот, рече Давкова.