Skip to main content
Апр 8, 2024
СВР Охрид
Викендов пријавени биле два пожари, во едниот случај горела трска на стариот пат Охрид-Струга, а во вториот случај отпад и нискостеблеста вегетација на ул Железничка.

Апр 8, 2024
МВР
Безбедносната состојба е поволна, се бележи намалување на кривичните дела и сообраќајни незгоди во Охрид, а досега без проблеми се одвиваат и активностите во изборниот процес, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев при денешната посета на СВР Охрид.

Апр 8, 2024
Општина Охрид
Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да работиме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Апр 8, 2024
Од охридскиот огранок на Левица уште еднаш ги повикаа сите надлежени да ги преземат сите мерки и итно да ја вратат на старото место на ул „Димитар Влахов“ спомен плочата од НОБ.

Апр 8, 2024
Претседателски избори 2024
Кандидатката за претседател  Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред стружани рече Струга е во зоната на самракот,  во градот владее феудализам. Но идна власт ќе вложи во заштитата на живтоната средина и развојот на туризмот, рече Давкова.

Апр 8, 2024
Претседателски избори 2024
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните на Охрид синоќа искажа уверување дека на 24 април ќе изберат правилно и дека ќе им кажат „не“ на оние кои не и мислат добро на државата. Тој вети дека доколку ја добие довербата за втор мандат ќе продолжи да биде претседател на сите граѓани без поделби и ќе ги третира сите жители на државата како негово семејство.

Апр 8, 2024
Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.

Апр 8, 2024
СВР Охрид
На координативната средба, покрај полициски службеници од полициската станица Охрид, присуствуваа претставници на штабот за заштита и спасување при општина Охрид, на Територијалната противпожарна единица, на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, на шумската полиција, на јавното претпријатие „Македонски шуми“ и на Планинарска спасувачка единица -Охрид.

Апр 7, 2024
Kaндидатот за Претседател, Стево Пендаровски денеска на средби со граѓаните во охридско струшкиот регион.