Skip to main content
Апр 5, 2024
квалитет на воздух
Сообраќајот и домаќинствата кои се греат со цврсто и течно гориво се најголемите загадувачи на воздухот во Охрид. Загадувањето е најевидентно во зимските месеци кога се евидентираат повеќекратни надминувања на дозволените концентрации на загадувачки честици во воздухот. Загадувањето на воздухот е водечки фактор на ризик по здравјето на населението кое предизвикува низа болести и зголемена смртност. Во процес на донесување е План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид, за кој денеска беше одржана јавна распарава.

Апр 5, 2024
Кино Охридско ЕЗеро
Изложбата на старите филмови кои ги гледале охриѓани во минатото, ги врати спомените за старото кино во Охрид. Првото кино во Охрид  познато кино „Охридско Езеро” , било изградено во далечната  1924 година, пред точно еден век,  од страна на семејството   Петкоски- Мартиноски. Тогашната опрема кинопроекторот моментално  се наоѓа  во кинотека Скопје. Љубителите на филмската уметност, велат тоа треба да биде музеј кој ќе може да го посетуваат и граѓаните и туристите и да  може да ја слушнат приказната за првото охридско кино.

Апр 4, 2024
Во струшко дури 98,9 % од децата се имунизирани за полио и дитепер, во Охрид 82%. Во тек е вонредна вакцинација за пропуштените дози, лекарите апелираат родителите да ги вакцинираат децата. 

Апр 4, 2024
Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција  „Европа на Балканот: Заедничка иднина” .

Апр 4, 2024
Општина Охрид
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози.

Апр 4, 2024
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 06 мај 2024 година.

Апр 4, 2024
Омбудсман
Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 година и 08.05.2024 година на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Апр 4, 2024
Претставата за која препорачана возраст е +16 години ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а билетите се продаваат по цена од 200 денари.

Апр 4, 2024
МВР
Фотографирањето ќе се реализира во управните служби во сабота, 6-ти април во перод од 08:00 до 15:00 часот.