Skip to main content
Мај 16, 2024
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Мај 16, 2024
УХМР
Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

Мај 15, 2024
Започнаа градежни зафати за санација на објектот Маларична. ЈЗУ Здравствен дом Охрид изминатиов период интензивно и посветено работи на обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал со инвестиции од сопствени средства.

Мај 15, 2024
Екипата на Црвен Крст Охрид се врати со пехар од Регионалниот натпревар по прва помош. Го освоија првото место во силна конкуренција од 16 екипи и се пласираа на државниот натпревар. Овие млади волонтери и ученици во Средното училиште Св. Кирил и Методиј, за ТВМ со нескриена радост зборуваат за впечатоците од натпреварот и за важноста на вештините за давање прва помош.

Мај 15, 2024
Охридско лето
Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали во Уседом, Германија.

Мај 15, 2024
Екипи ќе бидат на терен до завршување со санацијата.

Мај 14, 2024
Регулаторите од Западен Балкан, Европската унија како и приватниот сектор на глобалниот комуникациски пазар разменуваат искуства од имплементацијата на 5G мрежата, но и размислувања за сајбер безбедноста во контекст на развојот на нови технологии како вештачката интелигенција.

Мај 14, 2024
Со низа свечености здружението Мацково и ЦОУ Ванчо Николески му оддадоа почит на великанот основоположникот на литературата за деца и млади и еден од великаните на македонското литературно творештво воопшто. во чест на Николески шеста година по ред ќе го организираат Балканскиот поетски камп за млади во Црвена Вода.

Мај 14, 2024
Дебрца
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, утре, 15-ти мај, ќе се врши ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.