Skip to main content
Апр 23, 2024
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска на пригоден и свечен начин вработените заедно со читателите го прославија 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право. На настанот беа прогласени најчитателите во категориите возрасни и деца, највозрасниот и најмладиот читател во 2023 година во Библиотеката. Директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски се осврна на работата на установата во текот на изминатите 365 дена.

Апр 23, 2024
УЈП
Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Апр 23, 2024
ДПИ
Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори  ќе  контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува  од страна на работодавачите, се вели во соопштението од инспекторатот.

Апр 23, 2024
Со супервештачење од Судско-медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет Скопје ќе се утврдува дали лекарите од струшката болница имаат одговорност и постапиле несовесно при лекувањето на родилката од Дебар, која при породување во 2020 година остана без три органи бубрег, јајници и матка.

Апр 23, 2024
Караванот е поставен на кејот Борис Кидрич, во близина на Мостот на Поезијата, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

Апр 23, 2024
Општина Охрид
Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.

Апр 23, 2024
Државна изборна комисија
Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави упатство за гласање со 18 точки, достапно на повеќе јазици.

Апр 23, 2024
Младински Центар Охрид
Настанот е насочен кон идните средношколци и студенти и нуди платформа за претставување на образовни можности и кариерни патеки.

Апр 23, 2024
Центар за управување со кризи
Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ќе се врши минирање.