Мар 4, 2024
Седум сигурни кандидати за Претседател
Уште пет лица кои најавија кандидатура сè уште собираат потписи на граѓаните. Рокот за собирање на потписи истекува на осми март.
Мар 4, 2024
Институт за јавно здравје
ИЈЗ: Дебелината кај возрасните и децата во државава на високо ниво
Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, велат од ИЈЗ.
Мар 4, 2024
УХМР
Претпладне сончево, попладне услови за дожд
Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
Мар 2, 2024
Општина Охрид
Ученици од три европски земји во посета на Општина Охрид
Домаќин на гостите од Европа беше ОСУ „Св.Климент Охридски“ и нивните врсници од Охрид.
Фев 29, 2024
Учениците од март повторно во истражувачки поход на Галичица
Почнува нов циклус еколошка едукација на учениците. Во рамките на Мрежата за искуствено учење учениците имаат можност да се едуцираат за природата и заштитата на животната средина. Во рамките на проектот досега се едуцирале над 1200 ученици, најголем интерес имаше за НП Галичица каде се едуцираа 500 ученици.
Фев 29, 2024
Овоштарите загрижени за откупот на охридската цреша
Неизвесен откупот на охридските цреши и јаболка. Овоштарите имаат проблем со пласманот и откупната цена откако државава воведе санкции кон Русија каде се пласираше дури 95% од родот.
Фев 29, 2024
ЈП Водовод Охрид
Нова водоводна линија во населба Рача
Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 386 метри.
Фев 29, 2024
Општина Охрид
Интензивни градежни активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“
Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување.
Фев 29, 2024
Општина Охрид
Донесено Решение за доделување на стипендии на лица со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид
Согласно записникот за спроведена евалуација бр. 29-136/6 од 29.01.2024 год., донесена од страна на комисијата, постапувајќи по Јавниот повик за доделување на стипендии на лицата со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид, утврдено е кои баратели ќе бидат стипендирани.