Skip to main content
Фев 29, 2024
ЈП Водовод Охрид
Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 386 метри.

Фев 29, 2024
Општина Охрид
Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување.

Фев 29, 2024
Општина Охрид
Согласно записникот за спроведена евалуација бр. 29-136/6 од 29.01.2024 год., донесена од страна на комисијата, постапувајќи по Јавниот повик за доделување на стипендии на лицата со ретки болести и посебни потреби во општина Охрид, утврдено е кои баратели ќе бидат стипендирани.

Фев 29, 2024
ЈП Водовод Охрид
Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата.

Фев 29, 2024
Во текот на месец февруари беа презентирани на јавноста едукативни материјали за 110 ретки дијагнози во охридско струшкиот регион на чие подготвување работеа над 40 еминентни професори и доктори.

Фев 28, 2024
СВР Охрид
Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”

Фев 28, 2024
Пет лажни дојави за поставени експлозивни средства со различни објекти во Охрид. СВР Охрид и припадници на единицата за антитероризам при МВР ги презедоа сите неопходни мерки, извршени се детални проверки на терен и преземени се други неопходни активности. Притоа констатирано е дека се работи за лажни пријави.Наставата во ОУ Братство е прекината.

Фев 28, 2024
Охрид ќе увезува работници од азиските земји. Како наближува туристичката сезона, така се продлабочува проблемот со недостиг на кадар во хотелско-угостителскиот сектор во Охрид. Стотици отворени огласи, се бараат келнери, шанкери, готвачи, помошници во кујна, собарки. Домашниот кадар масовно заминува во Хрвтаска, а недостигот ќе се пополнува со увоз на работна сила од Непал, Филипини и Индија.

Фев 28, 2024
Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, заштита на животната средина и социо-економски раст, со фокус на подобрување на прекуграничниот регион преку одржлив туризам, културно наследство и иницијативи за адаптација на климатските промени.