Фев 23, 2024
Општина Охрид
Градоначалникот Пецаков со поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
Во рамки на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“.
Фев 23, 2024
Во Вевчани се уредуваат нови паркинг места
Се уредува и поплочува просторот во Соборниот храм Св. Никола.
Фев 23, 2024
НУ Библиотека „Григор Прличев“
Поради ревизија на книжниот фонд книгите во библиотеката ќе се издаваат само на шалтер
Од понеделник 26 февруари Библиотеката и натаму ќе биде отворена за читателите во истиот термин од понеделник до петок, но читателите не ќе можат сами да влегуваат во отворената библиотека и да одбираат книги.
Фев 22, 2024
Државен завод за статистика
Просечната месечна нето-плата во декември 2023 година изнесува 39.998 денари
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, изнесува 116,4.
Фев 22, 2024
СВР Охрид
Охриѓанка пријавила во полиција измама со огревно дрво
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фев 22, 2024
СВР Охрид
Охриѓанка платила 5000 евра на измамник кој требало да ѝ најде работа во хотел во странство
Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена, се вели во полициксото соопштение.
Фев 22, 2024
Со хитот “We are the world”, К-2 ѕвездичките и детскиот хор Ѓердан од бисери со поддршка за ретките
Песната е креативен начин да се изрази поддршка од страна на група дечиња на лицата кои се справуваат со ретки болести, особено на децата кои боледуваат од некоја ретка болест. Оваа година во студиото продуцентот Јовица Каралиевски во изведба на К-2 ѕвездичките и детскиот хор Ѓердан од бисери под водство на Татјана Узуноска Тренеска децата од градинките и од основните училишта од Охрид од сè срце учествуваа во преработката на светскиот хит“We are the world” (Ние сме светот).
Фев 22, 2024
Унификација на стариот дел на Охрид со дрвени рекламни табли на дуќаните
Унификација на Стариот дел на градот. Занаетчиите, трговците и угостителите добија нови дрвени унифицирани табли. До денес поставени се вкупно 74, а проектот продолжува и со рекламни табли вдолж охридската чаршија.
Фев 22, 2024
ЈП Водовод Охрид
Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Се врши приклучување на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“.