Skip to main content
Мај 14, 2024
Натура 2000

Во Велестово ќе се одбележи Денот на биолошката разновидоност

Главната цел на настанот е да се подигне свеста за Натура 2000 мрежата, видовите и живеалиштата кои се заштитени со Натура 2000 мрежата и создавање зелени работни места во зачувувањето на природата.

Мај 14, 2024
Православен календар

Денеска се празнува Св. пророк Еремија

Нашиот народ Еремија го празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.

Мај 13, 2024
Охрид трчаТ

По повод светскиот ден на физичката активност, АК Охрид трчаТ традиционално организира детска трка

Детска трка ќе се одржи утре, 14 мај, со почеток во 10:30 на градскиот стадион Билјанини Извори

Мај 13, 2024
Туризам

Пристигнаа првите туристи од Холандија

Вчера на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Од 20 мај започнуваат и летовите од Амстердам преку тур операторот ТУИ.

Мај 13, 2024
Oлд тајмери

Офф роад тура со цитроени од Франција

90 возила цитроен 2ЦВ од Франција викендов го посетија Охрид.

Мај 10, 2024

Генералите Ѓурчиновски и Кристоферсен на средба во Охрид

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка генерал Еирик Кристоферсен и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ја проследија и показната вежба на Баталјонот на специјални сили на Охридското езеро.

Мај 10, 2024

Пастрмката, единствениот предатор во Охридското езеро, покажува промени во начинот на исхрана

Додека рибокрадците го уништуваат рибниот фонд на охридската пастрмка, овој ендемичен вид покажува промени во својата исхрана што може да биде дополнителен проблем за еко системот на Охридското езеро. Намалувањето на фондот на пастрмката значи намалување на единствениот предатор во езерото кој ја контролира популацијата на останатите видови.

Мај 10, 2024

Уникатната гастро приказна Пирустија Неданоски е магнет за туристите

Етно-руралниот и гастро туризмот денес во светски рамки  се тренд, кој привлекува се повеќе туристи. Ваква семејна приказна, чија цел е да се сочуваат традиционалните јадења и достојно да се промовираат пред светот  е  Пирустија Неданоски во селото Рамне.

Мај 10, 2024

Охридските едриличари од Акватика Јахтинг во нови победи 

Седум млади едриличари ќе зема учество на регатата South East European Open Optimist Cup која се одржува во Србија.