Skip to main content
Апр 22, 2024
МВР

МВР: Лични документи ќе може да се подигнат и на денот на изборите

Сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

Апр 22, 2024
Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016”

ОУ „Дебрца“ го одбележа Денот на планетата Земја

Учениците се запознаа за можностите кои произлегуваат од користење на пластиката, но и за нејзините лоши особини кои ја загадуваат природата и животната средина.

Апр 22, 2024
Регулаторна комисија за енергетика

Од полноќ дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар.

Апр 22, 2024
Парламентарни избори 2024

Ковачевски: Ќе работиме ден и ноќ за просперитетна европска иднина на Македонија

Главен фокус останува членството во Европската Унија. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид. Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата, кажа Ковачевски.

Апр 22, 2024

Вечерва на полноќ започнува молкот за претседателските избори

И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори закажани за 8-ми мај нема да биде прекината.

Апр 22, 2024

Заживува филигранството во Охрид

Стариот традиционален занает денес го продолжуваат повеќе млади филигранисти во Охрид. Охридските мајстори на стариот занает, и мажи и жени, ги унапредуваат своите знаења и вештини и достојно ја раскажуваат приказната пред бројните посетители.

Апр 22, 2024
УХМР

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Водостојот на Охридско Езеро е повисок од просечниот за април за два сантиметри.

Апр 22, 2024

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

На настанот ќе бидат прогласени најчитателите во категориите возрасни и деца, највозрасниот и најмладиот читател и најчитаните книги во 2023 година во Библиотеката.

Апр 22, 2024

Прво место и нов личен рекорд за Климент Мостро на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Добри резултати на охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма.