Skip to main content
Јан 16, 2024
Трката во Формула 1 на вода со високо-туражни моторни чамци која треба да се одржи во јули на Охридско Езеро кај Поградец, за екологистите и научната фела е акт на насилство со огромни негативни последици врз  уникатното езеро кое е светско природно наследство и најголемо жариште на биодиверзитет на светот.  Над 50 здруженија и институции од Македонија и Албанија апелираaт до властите на двете земји  да се избегне организацијата на трката, а туризмот да се развива преку промовирање на еколошките спортови на вода. 

Јан 16, 2024
Повеќе од 300 капачи досега се пријавиле во Дебарско кичевската епархија за да бидат дел од најголемата црковно народна манифестација во земјава. Покрај охриѓани по Светиот крст ќе скокаат и жители на други градови од змејава, а осветувањето на водите на Охридското Езеро ќе го следат и голем број странски туристи.

Јан 16, 2024
Институт за јавно здравје
Во Македонија од 01 до 07.01.2024 се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Јан 16, 2024
АРМ
Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.

Јан 16, 2024
Медицински тимови на Црвен крст Охрид во четврток на пункт поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.

Јан 15, 2024
Во февруари во Охридскиот регион повторно доаѓа мониторинг мисијата на Унеско. Ќе се проверува до каде е спроведувањето на препораките. Министерката за култура вели поголемиот дел од обврските се на локалните самоуправи.

Јан 15, 2024
РКЕ
Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на предходната одлука на Регулаторна комисија за енергетика.

Марихуана
Јан 15, 2024
СВР Охрид
При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. – информира портпаролот на СВР Охрид.

Јан 15, 2024
СВР Охрид
СВР Охрид спроведува интензивни акциски контроли во сообраќајот.