Skip to main content
Дек 27, 2023
Црвен крст Охрид денес ја одржа традиционалната предновогодишна средба со своите волонтери, членови, поддржувачи, соработници и пријатели.

Дек 27, 2023
36 Седница на Совет на Општина Охрид
Околу 27 милиони евра тежи вкупниот буџет на Општина Охрид за 2024 година. За локалната власт развоен буџет во корист на граѓаните, опозицијата пак, се сомнева дека буџетот ќе се реализира онака како што е проектиран, односно без ребаланси. Но, и едните и другите сложни за подигнување на безбедноста во училиштата на територијата на Општина Охрид, за што беше усвоен амандман предложен од советничката Живка Ангелоска.

Дек 27, 2023
Ти Си Твојот Град
Граѓанин преку рубриката ТиСиТвојотГрад реагира за одлаѓање градежен шут во делот на муслиманските гробишта во Охрид. ТВМ побара информација од општинскиот комунален инспекторат и ЈП Градски гробишта во врска со проблемот. Одлагањето на шут во градските гробишта денеска стигна и на седница на совет. Новиот директор на јавното претпријатие вели дека е започнато со расчистување на депонијата.  Додаде дека ќе бидат преземени низа активности во поглед на хигиената, организацијата и одржувањето на градските гробишта.

Дек 27, 2023
Општина Охрид
Со поставувањето на подлогата и монтирањето на реквизити заврши изградбата на уште едно детско игралиште во Охрид.

Дек 27, 2023
ЈП Водовод Охрид
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Дек 26, 2023
Од сите заштитени подрачја кои Фондот за природа ПОНТ ги поддржува, НП Галичица има постигнато најдобри резултати, поради што добива највисок грант за следните три години. Ова го истакна денеска директорката на фондот, Миријам де Конинг на потпишувањето на договорот за финансиска поддршка со која паркот ќе ги реализира своите определби, ќе продолжи со имплементација на досегашните,  но ќе реализира и нови проекти.

Дек 26, 2023
Ученици и наставници од ООУ Кочо Рацин од Охрид беа во посета на ОУ„Веселин Маслеша” од Белград, се со цел да се поттикне личениот раст и развој на учениците во рамки на проектот Мостови на пријателство.

Марихуана
Дек 26, 2023
СВР Охрид
При претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дек 26, 2023
Се надминуваат стереотипите и родовите бариери, а успешните жени се доказ дека не треба да има предрасуди.  Не псотојат женски и машки професии, жените докажаа дека се успешни на секое поле. Последната емисија за 2023 година Прашалник ТВМ телевизија ја псовети на успешните жени.