Порасна социјалната, постојаната парична помош и субвенциите за струја
Од овој месец ново зголемување на социјалната и постојаната парична помош. Околу 600 корисници од Охрид во јули ќе добијат за 5% зголемена социјална парична помош. Охридскиот центар за социјални грижи бележи се помалу манипулации при изготвување на документација за остварување на правата од социјалната сфера.
Стопирана изградбата на куќа на улица „Климентска“
Општинскиот инспекторат вчера ги стопира градежните работи на индивидуална куќа на улицата „Климентска“. Причината е констатирање отстапки од дадената локација и недозволено навлегување во туѓ имот.
Конкуренција на најмоќните телефони
Пристигнува Xperia Z4
Петрески ги отфрла гласините дека на просторот кај старата библиотека ќе никне висока градба
Започна реализацијата на проектот за просторот кај некогашната библиотека. Градоначалникот Петрески тврди дека нема да има никакво отстапување од него.
Започнува фестивалот Охрид колинг
Охрид со развој на концертниот туризам ќе ја продолжува туристичката сезона. Започнува фестивалот Охрид колинг. За настапите на Ники Ромеро, Лос Фреквенси, Ал Ди Меола и Продиџи карти се купуваат не само во земјава туку спсцијално за концертите гости ќе допатуваат од Бугарија, Албанија, Србија, Грција, па дури и од Англија.Организацијата на овие музички настани е на продукциската куќа Авалон потпомогната од Локланата самоуправа.
Над 400 верници во Лагадин го прославија празникот Вера, Нада и Љуба и великомаченицата Софија
Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.
Јапонците, паметен народ
Јапонците го почитуваат времето, па просечното време на доцнењето на возовите во Јапонија е седум секунди, деца до шесто одделение во училиштето учат етика, забрането е мобилните телефони да се користат во јавниот превоз, бидејќи ги вознемируваат другите луѓе.
Бесплатна вакцинација за младите девојки од хуман папилома вирусот
Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот.