Дек 20, 2023
Пиперкоски го подготвува серијалот филмови од проектот „Раскажи песно”
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски го подготвува целиот серијал од проектот Раскажи песно. После „Охрид, Охрид убав мил“, ќе ја раскаже приказната за настанувањето и на другите староградски песни. Староградските песни се дел од културното наследство, овие документарни филмови ќе бидат дел од охридската историја.
Дек 20, 2023
Уставен суд
Од денес не смее да се бараат податоци за националност во изводите за родени, венчани и умрени лица
Нема впишување на националност во изводите до конечна одлука на Уставниот суд.
Дек 20, 2023
Реституција на културно наследство
Со почеток на следната година ќе продолжи процесот за враќање на иконите изнесени од државава по незаконски пат
По првата успешна реституција на дваесет македонски икони кои незаконски беа изнесени во Алабанија, од следната година процесот продолжува за враќање дома на уште 37 ремек дела украдени од македонските цркви и манастири. Проф. д-р Сашо Цветковски од МАНУ кој прв ги препозна иконите кои во периодот од 2008 до 2013 биле изнесени од земјава, вели дека идентификацијата нема да биде потешкотија, но дека треба да се размислува како иконите понатаму ќе се чуваат и презентираат.
Дек 20, 2023
СВР Охрид
Кривична пријава за работници на „Синохидро” за оштетување на електрични кабли
Предизвикале прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца. Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502 000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Дек 20, 2023
Црвен крст
Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“
Остануваат уште 3 дена за оваа акција и уште неколку неискористени волшебни лампиони со новогодишни желби на децата кои живеат во социјален ризик.
Дек 20, 2023
Општина Охрид
Лица на револуцијата, изложба на необјавени портрети на македонски револуционери
Изложбата ќе биде отворена на 22.12.2023 година (петок) во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19.00 часот.
Дек 19, 2023
Магијата на 80-тите години од минатиот век
Сѐ е подготвено за музичко сценскиот спектакл Зимска Бајка
Годинава „Бајката” претпразнично ќе не врати во 80-те години од минатиот век, во еден од најплодните периоди на светската музика.
Дек 19, 2023
Потпишани договорите за изградба на училишна зграда за ОУ„Кочо Рацин“ и спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“
Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на проекти од локален интерес, во најголем дел од општините во државата, со поддршка од Владата, меѓу кои и два капитални проекти во Охрид. За реализација на проектите во Охрид пренаменети се 90 милиони денари од државниот буџет.
Дек 19, 2023
Ти Си Твојот Град
Несовесни граѓани одлагаат градежен шут во Чекоштина
Граѓани апелираат до надлежните да преземат мерки за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја загадуваат природата во Чекоштина.