Јан 23, 2024
Цените на основните прехрамбени производи замрзнати до крај на февруари
Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука и продолжување на мерката.
Јан 23, 2024
УХМР
Сончево со температура до 4 степени
Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Јан 22, 2024
Снегот и ниските температури го отежнуваат сообраќајот
Снежните наноси и ниските температури од викендов го отежнаа сообраќајот. Екипите на Македонија пат и комуналните претрпијатија на терен. Повеќето патни правци во охридско-струшкиот регион се расчистени и проодни, но има остатоци од снег и појава на голомразица. Се препорачува внимателно возење и задолжителна зимска опрема.
Јан 22, 2024
Над 3 милиони патници во 2023 год опслужени на скопскиот и охридскиот аеродром
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18%.
Јан 22, 2024
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ профункционираа обработката на периодиката и книговезницата
Oд библиотеката посочуваат дека по повторното отворање на работното место – книговезец, минатата година по пауза од десеттина години беа создадени минимални услови за работа и заштита на оштетениот книжен фонд во библиотеката.
Јан 22, 2024
Пецаков: Министерката за култура со непознавање на законите ја кочи катната гаража
Непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на едeн од најважните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување. И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите. “ – вели градоначалникот на Охрид.
Јан 22, 2024
Црвен крст Охрид
Уписи на нови деца во Центарот БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година.
Јан 22, 2024
УХМР
Сончево и студено време со температура до 3 степени
До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
Јан 19, 2024
Дарко Паскоски е среќниот фаќач на крстот во Струга
Четврта среќа за 43 годишниот стружанец Дарко Паскоски. Тој денес по четврт пат го извади чесниот крст од водите на реката Црн Дрим. И Струга достоинствено го одбележа празникот Богојавление Водици.
