Дек 15, 2023
Aгенција за промоција и поддршка на туризмот
АППТ: Резултатите за годинава и проекциите за 2024 ќе се надминат
Најпосетени градови се Скопје со раст на туристи од 5% споредено со најтуристичката референтна 2019 година и Охрид со раст од 7%.
Дек 15, 2023
УХМР
Облачно со повремени врнежи од дожд и темпeратура до 5 степени
Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.
Дек 14, 2023
Противпожарна заштита
ТППЕ Охрид и ДЗС ги обучуваа членовите на доброволните противпожарни друштва
Членовите на Ентузијаст Охрид Дебрца и ЕКО Фап вежбаа на полигонот во поранешната касарна.
Дек 14, 2023
Жена на годината 2023
Oхриѓанки меѓу најуспешните жени за 2023
Три охриѓанки дел од манифестацијата Жени претпиемачки, која традиционално по шестти пат вчера се одржа во Скопје. Титулата најуспешна жена за 2023 во областа на културата ја понесе Наташа Поповиќ директорката на Охридско лето. за инфлуенсерка на годината беше избрана популарната Мејк ап артистка од Охрид Мери Бајрамоска, а титулата Жена на годината ја понесе маестра Бисера Чадлоска, музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето. Свој мотивациски говор имаше охриѓанката Мери Шешо Најдеска жена лидер, магистер по маркетинг и ентузијаст во маратонско трчање, која е позната во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг.
Дек 14, 2023
За брзо време Општина Охрид ќе биде целосно раздолжена, најавуваат од локалната
Општината неодамна ги повика доверителите да ги пријават побарувањата по основ на судски и извршни решенија и пристапи кон преговори за спогодбено намалување на обврските. Се чека обелоденување на извештајот за тоа колкав дел од долгот ќе успее да сервисира општината на ваков начин.
Дек 14, 2023
СВР Охрид
Две малолетнички од струшко се оддалечиле од дома, полицијата работи на нивно пронаоѓање
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата.
Дек 14, 2023
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Учениците и професорите од ОЕМУЦ даруваа 44 крвни единици на крводарителската акција по повод патронатот
Од Црвен Крст Охрид упатија благодарност до професорите, вработените во службата и учениците кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
Дек 14, 2023
Утре во Македонија од Албанија ќе бидат вратени 21 икона украдени од црквите во струшко
Иконите, соодветно спакувани, со обезбедување од МВР ќе бидат преземени во Тирана и донесени во Музејот на Македонија, со што ќе биде заокружен двегодишниот законски процес на реституција на културни добра, прва во историјата на нашата држава, посочи министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Дек 14, 2023
Звуците на Новата година
Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби во Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Проекција на анимираниот филм „Звуците на Новата година“ од „Светот на Биби“ за најмалите охриѓанчиња.