Skip to main content
Јан 22, 2024
УХМР
До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Јан 19, 2024
Четврта среќа за 43 годишниот стружанец Дарко Паскоски.  Тој денес по четврт пат го извади чесниот крст од водите на реката Црн Дрим. И Струга достоинствено го одбележа празникот Богојавление Водици.

Јан 19, 2024
Бог се јави
29 годишниот Никола Јакимоски го извади чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. И годинава во Охрид масовно и свечено се одбележа големиот христијански празник Богојавление Водици со присуство на илјадници верници од градот, државава и гости од регионот.

Јан 18, 2024
СВР Охрид
Мерките се насочени кон зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и безбедност во сообраќајот.

Јан 18, 2024
За министерката за култура која е дел од националната комисија на УНЕСКО, катната гаража во Охрид не е објект од јавен интерес и затоа нема одобрение за градба. Градоначалникот Пецаков вели тоа е суштинско непознавање на материјата.

Јан 18, 2024
ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат.

Јан 18, 2024
Оваа генерација на Локалното раководство ја презеде најкомплексната операција, а тоа е конечно раздолжување на општината и почеток на нормално фукнционирање на Локалната самоуправа, кажа градоначалникот притоа потенцирајќи дека актуелната локална власт од првиот ден посветено работела за да се постигне оваа цел. Пецаков ги поздрави и напорите на минатите локалните раководства за раздолжување на општината како и помошта од Владата.

Јан 18, 2024
Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.

Јан 17, 2024
Од 2013 година, главен финансиер на ГРК „Охрид“ е Општина Охрид и така и ќе остане, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на сите спортски клубови на територија на Општина Охрид, вели во реакцијата Пецаков.