Skip to main content
Јан 5, 2024
МВР ја чува контролната кула на скопскиот аеродром. Синдикатите на М-НАВ го ставија штрајкот во мирување до среда. Доцна синоќа бил одржан вонреден состанок на членството на ССКЛ на кој најостро бил осуден нападот врз нивен колега при вчерашнуот упад во контролата на летање. На состанокот присуствувале и колегите од Охридската контрола на летање.

Јан 5, 2024
Според туристичките агенции понуди има за сечиј џеб , но интересот се намалува. Од друга страна расте интересот за подалечни тропски дестинации.

Јан 5, 2024
Православен календар
Исцелител и просветител на македонскиот народ, Свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност.

Јан 4, 2024
Градежните зафати за реконструкција на дворот на охридската гимназија не се одвиваат според посакуваната динамика, признава градоначалникот Пецаков. Но ветува дека работите ќе се интензивираат. Ќе продолжи и уредувањето на тротоарите во централното градско подрачје со новиот метод со употреба на штампан бетон.

Јан 4, 2024
Општина Охрид
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на повикот.

Јан 4, 2024
Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија.

Јан 4, 2024
Општина Охрид
Даночните обврзници кои не ги подмириле своите обврски по основ на данок на имот заклучно со 2023 година (согласно чл.37 од Законот за даноците на имот) истото може да го направат и по електронски пат.

Јан 4, 2024
Општина Охрид
„По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење“, објави градоначалникот Пецаков.

Јан 4, 2024
НУ Центар за култура „Григор Прличев“
Наградата што во чест на славниот македонски поет и преродбеник ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде врачена на посебна свеченост, а наградената поема ќе биде објавена.