Skip to main content
Окт 24, 2023
Луѓето во третата доба, оставени сами на себе
И по деценија со  иницијативи и ветувања, Југозападниот регион во земјава се уште нема  дом за стари лица. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување. Пензионерските здруженија бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери  да преземат мерки за надминување на проблемот.

Окт 24, 2023
Популацијата на охридската пастрмка на критично ниво. Со несмален интензитет нелегално се изловува и се шверцува, алармираат екологистите и спортските риболовци. Според нив она што го запленува полицијата во борбата со рибокрадците е само врв на ледениот брег. Проблемот е многу поголем и неопходни се континуиран надзор, ефективни и сразмерни мерки за заштита на рибниот фонд на езерото.

Окт 24, 2023
СВР Охрид
Полициските службеници санкционирале 29 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде тоа е забрането.

Окт 24, 2023
Центар за јавно здравје
Имунизацијата ќе се одвива секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот. Центарот за јавно здравје Охрид обезбеди и комерцијални вакцини за заштита од сезонски грип. Цената за една доза е 700 денари, а за примање не е потребно претходно закажување.

Окт 23, 2023
За продолжениот празничен викенд Охрид полн со туристи. Голем број странски групи секојдневно го посетуваат главниот туристички центар.

Окт 23, 2023
Честитка до граѓаните по повод 23 Октомври
23. Октомври е потврда дека милениумското постоење на македонците, било со постојана борба за себеидентификација од антиката па се до денес, вели во честитката Пецаков.

Окт 23, 2023
Министерство за здравство
Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

Окт 23, 2023
Општина Охрид
Положени букети свежо цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк.

Окт 23, 2023
Стратегија за развој на зеленило во Општина Охрид во период од 2023 до 2032 год
Презентирана Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид во период од 2023 до 2032 година. Помеѓу зеленилото со кое, според Закон, Охрид треба да располага и фактичката состојба, разликата е огромна. Институциите ја префлаат топката за надлежностите за тоа каде е одговорноста за тоа што никнуваат згради на сметка на зелените појаси.