Окт 21, 2023
Енергетска криза
Драстично намалена побарувачката за огревно дрво
Драстично намалена побарувачката за огревно дрво во охридскиот регион. И покрај високите сметки за електрична енергија, голем дел од граѓаните веќе ги заменаа печките на дрва, па се греат на струја.
Окт 21, 2023
Безбедносни предизвици
Нема реална закана за безбедноста во државава, оценува Министерката за одбрана
Институциите и безбедносно разузнавачките служби будно го следат развојот на состојбата на Блискиот Исток и војната во Украина и разменуваат информации во рамки на НАТО алијансата, уверува министерката. Врховниот командант на вооружените сили, претседателот Пендаровски, пак, најави свикување на Советот за безбедност.
Окт 21, 2023
УХМР
Сончево со температура до 25 степени и засилен ветар
До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
Окт 20, 2023
Колекторски систем
Превземениот долг од МЈП „Проаква“ Владата го трансформира во сопственички капитал во ЈП „Колекторски систем“
Се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Струга што понатака ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нивно нормално работење.
Окт 20, 2023
23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Промовирана книгата „За македонистиката отворено“ од Димитар Пандев и Свето Стаменов
Како дел од чествувањата по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирана книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев, која е издадена под покровителство на Општина Охрид.
Окт 20, 2023
Недела на борба против гладта
Црвен крст Охрид и Лајонс клубот Десарети поделија хуманитарни пакети на 30 семејства
Акцијата „Недела на борба против гладта“ продолжува. Во поголемите градски маркети се поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.
Окт 20, 2023
Регионален зелен центар Охрид
Eдукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода
Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.
Окт 20, 2023
Државен завод за статистика
Просечната нето-плата во август 36 390 денари
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21. 6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16. 5 %).
Окт 20, 2023
СВР Охрид
Приведени две лица на ул.,,7 Ноември“ кај кои била пронајдена марихуана
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
