Окт 12, 2023
Здружение на планинари „Великамен“
Авантура на падините на убавата Галичица за дечињата со посебни потреби
Здружението на Планинари „Великамен“ и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“, ја реализираа Втората планинарско-рекреативна акција, на падините на Галичица. Дефектолозите велат дека ова е убава можност, за развивање на самодовербата кај овие лице и за јакнење на спортскиот дух, а водичите на планина додаваат дека ова е само една од можностите за инклузија на овие лица, во уште една од сферите на општественото живеење и подобра социјализација.
Окт 12, 2023
Светски ден на занаетчиството
Саем на рачни изработки за локални мали бизниси во недела во организација на МЦО
Саемот за рачни изработки ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов во периодот од 12ч до 15ч.
Окт 12, 2023
Дрвокрадци
Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Jабланица
Трговијата со дрва на „црно” посебно актуелна пред стартот на грејната сезона. Мештаните велат планината јабланица немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции. Еколозите велат дрвокрадството ќе се намали кога ќе има поголема заштита, односно прогласување на Јабланица за национален парк, процес кој се одолговлекува речиси 15 години.
Окт 12, 2023
УХМР
Сончево со температура до 23 степени
До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.
Окт 11, 2023
Vox Lychnidos
Сребрен медал за Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови
Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме охридскиот мешан хор го освои сребрениот медал.
Окт 11, 2023
Честитка по повод 11 Октомври
Пецаков: Со Народното востание на 11 Октомври нашиот народ го докажа својот државотворен капацитет
Граѓаните на Македонија знаеа да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја, се вели во честитката од градоначалникот.
Окт 11, 2023
Урбанизам
Грст институции се „грижат“ за урбанизмот во Охрид
„Ниту еден план кој ние како служба го доставуваме пред советниците, не е без добиено позитивно мислење од Комисијата за урбанизам при Општина Охрид и Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“ – вели Татјана Стојческа, Сектор за урбанизам, Општина Охрид.
Окт 11, 2023
Поскапуваат цигарите
Со одлуката на владата акцизата на цигари, цигарилоси и пури ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.
Окт 11, 2023
Во потрага по својата мајка
„М“ на Вардан Тозија, во сабота на кино репертоарот во ЦК “Григор Прличев”
8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка.