Дек 7, 2023
Богатството наше – јазикот
Одбелжан патронатот на ОУ “Свети Климент Охридски“
Овогодишна прослава на патрониот празник училиштето тематски ја посвети на Македонскиот мајчин јазик.
Дек 7, 2023
Општина Охрид
Вечерва ќе се одржи Свечената академија по повод Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид
Централната свеченост, Свечената академија по повод празникот 8-ми Декември, Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид ќе се одржи во 19:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на која ќе бидат доделени највисоките општински признанија, Светиклиментовата награда и Повелбите.
Дек 7, 2023
МВР
Спасовски денеска во Охрид
Министерот за внатрешни работи ќе оствари средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад.
Дек 7, 2023
Православен календар
Света великомаченичка Екатерина
После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.
Дек 6, 2023
OHRID GO – ROADS NOT TAKEN
ТЛЕР: Имаше застој, но сега реализацијата на Ohrid Go влезе во напредна фаза
До кога и дали воопшто ќе биде реализиран проектот Ohrid Go, побараа одговор од локалната, градските советници. Pump Up траката, адреналинскиот парк и градскиот систем со велосипеди тапкаат во место, а се ближи крајот на рокот за имплементација на активностите предвидени со проектот финансиран од ЕУ. Физибилити студијата за поранешната касарна се уште е во нацрт верзија, реагираат советниците од опозицијата. Од Секторот за Туризам и локален економски развој, пак, велат дека имало застој но дека сега работите се во напредна фаза.
Дек 6, 2023
Центар за развој на Југозападeн плански регион
Нови 58,5 милиони денари ќе се инвестираат во Југозападен плански регион
Средствата се обезбедени од националниот буџет преку Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
Дек 6, 2023
Прва база од ваков вид во државата
Изработена прва база на податоци за пештери во Национален парк Галичица
Изработката на базата на податоци се темели на научно-истражувачки активности реализирани преку соработката помеѓу Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, ЈУ НП Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Реализираните проектни активности резултираа со нови сознанија за пештерите на Галичица.
Дек 6, 2023
Студенти на филозофските факултети во Загреб и во Љубљана во чест на Шопов
Стогодишнината од раѓањето на Шопов се чествуваше во Загреб и Љубљана
Предавање одржа д-р Весна Мојсова-Чепишевска , а во дискусијата, учениците ги поздрави и директорката на македонскиот Културен центар во Загреб, д-р Наталија Поповска, изразувајќи задоволство што јубилејот 100 години од раѓањето на Шопов се чествува и во Хрватска.