Окт 5, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Поевтинуваат бензините
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.
Окт 5, 2023
Општина Охрид
Се гради детско игралиште во Косел
Средствата за иградба на игралиштетот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Окт 5, 2023
ЈУНП Галичица
ЈУНП Галичица ќе спроведе оценување на ефикасноста на управувањето со заштитеното подрачје
Работилницата за оценување на ефективноста на управувањето со Национален парк Галичица за 2023 год. ќе се одржи на 12.10.2023 година, со почеток во 10.00 часот во просториите на установата.
Окт 5, 2023
НУ Библиотека Григор Прличев
Отворен ден во градската библиотека и бесплатно членство за млади
Отворен ден во библиотеката и бесплатно годишно членство за посетителите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст.
Окт 5, 2023
УХМР
Сончево со температура до 23 степени
Денеска во Охрид ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23 степени.
Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер.
Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.
фото: Ѓоко Симјаноски
Окт 4, 2023
Седница на Совет
Поскапувањето на водата предизвика жестока расправа во Советот на Општина Охрид
Одлуките за давање согласност на Одлуките за утврдување тарифа за водната улсуга, снабдување со вода за пиење на ЈП Водовод и за утврдување на тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Никсоградба Охрид“, на денешната триесет и трета седница на Советот на Општина Охрид, предизвикаа расправа која траеше речиси еден час.
Окт 4, 2023
Автопат Кичево – Охрид
Бескрајни градежни работи на автопатот, сериозни штети за туризмот
Бескрајното одлагање на роковите за изградба на автопатот Охрид Кичево и зададе сериозен удар на оваа туристичка сезона. Туристичките работници велат дека традиционлните гости веќе го избегнуваат Охрид, поради бескрајната изградба на автопатот, и потенцираат дека за развој на здрав туризам, здрава економија, потребна е добра патна инфраструктура.
Окт 4, 2023
ЈП Водовод Охрид
Прекин на водоснабдувањето на “15ти Корпус” и дел од “7ми Ноември”
Екипи на ЈП Водовод Охрид работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.
Окт 4, 2023
ЈП „Водовод и Kанализација”-Струга
Во петок Струга неколку часа без вода
Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување работи од страна на ЕВН Македонија.