Skip to main content
Окт 3, 2023
Vox_Lychnidos
На фестивалот во Херцег Нови се натпреваруваат 20 машки, женски и мешани хорови од девет земји. Диригентот на хорот Бурим Хидри потенцира дека имаат подготвено посебна програма.

Окт 3, 2023
Министерство за култура
Од денес на пладне отворен е системот Електронско пријавување на Проекти од национален интерес за култура за 2024 година, ќе биде затворен на 6 ноември, а ќе се спроведува преку националниот портал за  Е услуги.Системот автоматски го препознава невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти може да конкурираат по дејност.

Окт 3, 2023
РЦСОО„Ванчо Питошески“
Во хотелот „Метропол- Белви“- на брегот на Охридското Езеро во дисциплините Угостителско послужување, Готварство и Подготовка на туристички аранжмани (со посебен нагласок на планинскиот,рурален туризам) се натпреваруваа околу 200 учесници.

Окт 3, 2023
Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно. Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секој понеделник, среда и петок.

Окт 3, 2023
Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра.

Окт 3, 2023
Синдикатот на контролори на летање преку медиумите информира дека штрајкот е поради наталожени проблеми од раководството на МНАВ, лоши услови за работи и наместени огласи.

Окт 3, 2023
Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи
Главниот Штаб на НОВ и ПОМ под раководство на Генерал Михајло Апостолски, на 3 Октомври 1943 година, го издаде Манифестот, во кој беа изнесени целите на НОВ во Македонија, со повик до народот сите патриотски сили да се вклучат во борбата за слобода.

Окт 3, 2023
ВМРО ДПМНЕ
Кампањата, како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде во два дела, средби со целни групи и граѓани и дебати.

Окт 3, 2023
ЈП Водовод Охрид
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.