Ное 17, 2023
Голем интерес за анализите за детекција и типизација на HPV вирусот во ЦЈЗ Охрид
3 % од сите испитани примероци со најновата апаратура за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје Охрид покажале присуство на ХПВ вирусот. Современата опрема во употреба е нецел месец, а веќе секојдневно се прават анализи за кои досега пациентките беа упатувани во други градови или приватни лаборатории. Центарот за јавно здравје Охрид е единствен во регионот на Охрид, Струга и Кичево кој работи типизирање на ХПВ вирус и и определување на кламидија трахоматис инфекции со PCR метода со технологија која претставува врв во дијагностиката во моментов.
Ное 17, 2023
Апел за помош
На семејството Автароски од Ливадишта, чиј дом беше уништен во пожар, потребна му е помош
Пожар го пеплоса домот на семејството Автароски од струшко Ливадишта. Им изгоре целата покуќнина,покривот, дограмата и облеката. При гаснењето на огнената стихија се повредиле тројца пожарникари. Семејството бара помош од хуманите граѓани.
Ное 17, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
АППТ: До 2025 год зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Отворен Балкан
Концептот на Отворен Балкан е со реални можности за сите држави кои ја споделуваат оваа економска визија, која ќе создаде конкурентна дестинација во многу аспекти од туристичката индустрија.
Ное 17, 2023
Центар за јавно здравје Охрид
Презентација на новиот систем за молекуларна дијагностика на Центарот за јавно здравје Охрид
Со цел ги направат поблиски можностите и капацитетите на Центарот до матичните гинеколози од Охрид и Струга, за поефикасен и навремен одговор за задоволување на потребите на пациентите, во соработка со компанијата Биотек денеска ќе се одржи презентација за новитетите во молекуларната дијагностика.
Ное 16, 2023
Зелениот катастар нa Општина Охрид во понапредна фаза на изработка
Основна цел на овој проект е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило и ставање крај на жртвувањето на зелените површини во корист на градежни парцели. Зелениот катастар е јавен документ и како таков следната година ќе биде достапен на јавноста.
Ное 16, 2023
IN MEMORIAM
Почина Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште
Првата филмска улога ја остварува во „Македонскиот дел од пеколот“, а неговиот опус во македонската и ексјугословенската кинематографија брои 100 улоги на филм и ТВ.
Ное 16, 2023
Инспиративна приказна
Маја Протуѓер преку дуално образование и грант отвори сопствен бизнис
Преку дуално образование и грант од Агенцијата за вработување до самостоен бизнис. Инспиративна сторија за 21 годишната охриѓанка Маја Протуѓер.
Ное 16, 2023
ЈП Охридски комуналец
Акција за подигнување зелен отпад од “Радојца Новичиќ” во сабота
Последна акција за подигање кабаст и зелен отпад за оваа година.
Ное 16, 2023
НУ Библиотека “Григор Прличев” Охрид
Охридската библиотека во чест на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
НУ Библиотека “Григор Прличев” Охрид се приклучува кон одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Шопов.