Мај 18, 2026
Законски измени за вработените во угостителскиот сектор да имаат стручно образование
Охридско-струшката ривиера и ова лето ќе се соочи со сериозен недостиг на стручен кадар во угостителството и туризмот. Хотелите и рестораните сѐ потешко наоѓаат квалификувани келнери и готвачи, а образовните институции предупредуваат дека без законски измени и професионализација на секторот, проблемот дополнително ќе се продлабочува.
Мај 18, 2026
Второ место за тимот од Црвен крст Охрид на регионалниот натпревар по прва помош
Во перидот кој следи ќе се подготовуваат за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026 година.
Мај 18, 2026
Саемот „Chill & Connect“ во Охрид презакажан за 29 мај
Од организацијата посочуваат дека локацијата и терминот на одржување остануваат непроменети. Настанот ќе се одржи на плоштадот Плоштад Христо Узунов, кај Pako House, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.
Мај 18, 2026
Повторно се раскопува новопоставената калдрма кај Чинар, од општината издале налог за корекција на неправилности на товар на изведувачот
Од Општината потенцираат дека „нема да прифатат решенија кои отстапуваат од предвидениот квалитет“ и дека сите забелешки од надзорот мора да бидат отстранети пред продолжување и прием на работите.
Мај 18, 2026
Општина Дебрца најавува „Недела бесплатен превоз” за оживување на селата и развој на туризмот
Во план е воспоставување меѓуопштинско поврзување, најпрво со Охрид, а потоа и со Струга.
Мај 18, 2026
Горивата на Балканот се со ист квалитет како европските
Колку се квалитетни горивата што ги користиме и дали контролите се доволни? На јубилејниот симпозиум на лабораториите од нафтената индустрија, надлежните најавија засилен мониторинг, нови стандарди и построги контроли со новиот Закон за енергетика. Експертите уверуваат – горивата во регионот се со европски квалитет, но клучни остануваат редовните проверки и лабораториските анализи.
Мај 18, 2026
Охридските бродари со оптимизам ја почнуваат летната сезона
Очекуваат повеќе туристи, повеќе панорамски тури и уште поголем интерес за пловење по Охридското Езеро. Со првите сончеви денови започнува да се зголемува бројот на туристи и интересот за прошетки.
Мај 18, 2026
ОХРИД ЕКО 2026: Успешна регионална еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.







