Skip to main content
Авг 10, 2023
ГРК Охрид
Пецаков на ракометарите им посака успешни подготовки и уште поуспешна сезона во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека градот цврсто стои зад клубот.

Авг 10, 2023
Совет на Општина Охрид
Со обезбедување на одобрението за реконструкција од страна на Секторот за урбанизам, ќе заврши административниот дел од процедурата за проектирање на новиот објект во поранешната касарна, каде треба да се префрли Основното Училиште „Кочо Рацин“. Проектот за реконструкција ќе чини речиси деведесет милиони денари. Доколку Министерството за образование не помогне финансиски во реализацијата, заложба на Локалната е сама да го реализира овој процес со буџетски средства во период од неколку години.

Авг 10, 2023
Фестивал Охридско лето
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.  Во неа играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Леонида Гулевска.

Авг 10, 2023
СВР Охрид
Во засилените акциски контролина целата територија на СВР Охрид регистрирани 42 прекршоци од страна на мотоциклисти.

Авг 10, 2023
Струга и ова лето се соочува со рестрикции во водоснабдувањето. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми. Поплаки има и од граѓаните и од туристите.

Авг 10, 2023
 Без разлика каде ќе ве одведе следниот чекор во вашето патување, верувајте во вашите способности и осмелете се да ги остварите најубавите соништа, им порача во обраќањето, заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Царинска управа
Авг 10, 2023
Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата
Kампањата за подигнување на јавната свест за пријавување на случаите на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службените должности од страна на царинските службеници ќе се спроведува во внатрешните испостави низ државата и на граничните премини  Богородица, Ново село, Дојран, Табановце, Делчево, Блаце, Аеродром Скопје и Ќафасан.

Авг 10, 2023
МВР
МВР објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец,. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена,

Авг 10, 2023
Македонија е 93-тата од вкупно 197 земји колку што планира да посети, од која деновиве ги споделува впечатоците. Документарни видеа од неговата посета на Охрид наскоро ќе бидат достапни на неговиот канал на YouTube.