Авг 1, 2023
Повторно се актуелизира потребата од пловило амбуланта на Охридско Eзеро
Градоначалникот Пецаков гледа можно решение во проширување на дејноста на Планинската Спасителна служба.
Авг 1, 2023
Целовечерен концерт на „Камерата Академика“ на Охридско лето
Ансамблот, вечерва ќе има светска праизведба на композицијата „ Со маки сум се родил – варијации за дувачки секстет на народната песна “ од Сашо Ливрински, дело напишано за настапот на „Камерата Академика“ на „Охридско лето“. Покрај тоа, на репертоарот се дела од Б. Хеиден, Л. Јаначек, М. Ејшен и С. Кравос.
Авг 1, 2023
Утре ќе се одржи 44-от Илинденски пливачки маратон
Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Авг 1, 2023
Буково
Надлежните ја затрупуваат со земја и третираат со алга депонијата Буково
Од ЈП Охридски Комуналец велат дека се преземаат мерки на депонијата која неколку дена е опожарена. Од јавното претпријатие се сомневаат дека пожарот е подметнат од страна на непознато лице.
Авг 1, 2023
120 години од Илинденското востание и Крушевската Република
Во Крушево започнуваат чествувањата за Илинден
Централното чествување за Илинден е од 11:30 часот на 2 август, на Мечкин Камен. На народниот собир на Мечкин Камен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Авг 1, 2023
УХМР
Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен
До петок стабилно време,а во сабота заладување.
Јул 31, 2023
СВР Охрид
Пронајдени и спасени три лица чија едрилица се превртела во водите на Охридското Езеро
Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.
Јул 31, 2023
СВР Охрид
Приведен охриѓанец кај кого биле пронајдени нож, пиштол и дијаболи
Тој се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат”, информираат од СВР Охрид.
Јул 31, 2023
Струшки вечери на поезијата
Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за збирката „Дни, години“
Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со слоевити значења и пораки.