Јул 25, 2023
Патот до успехот
Oхриѓанецот Бобан Пашовски е успешен ракометен тренер во Шведска
Сторијата на Пашовски е уште еден пример во низата дека Македонија изобилува со таленти и успешни млади луѓе.Пашовски денес е ракометен тренер кој со работа стартувал како ракометар во Охрид, а во Шведска за само три сезони станал тренер на женски ракометен клуб во прва лига. Патот до овој голем успех не е лесен, но крајниот резултат е промоција за мојот град Охрид и Македонија вели Пашовски.
Јул 25, 2023
„Пеколна комедија: Исповеди на серискиот убиец“
Малкович со Исповедите на сериски убиец, најексклузивниот настан на Охридско лето
Актерот Џон Малкович, пристигна во Охрид. Американската филмска ѕвезда со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија е најексклузивниот гостин кој ќе се запише во списокот на најголемите уметници кои настапиле низ историјата на „Охридско лето“.
Јул 25, 2023
„Македонија 2020-2025“
Трет Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на „Македонија 2020-2025“
На кампот, кој траеше шест дена, 25 млади луѓе на возраст од 11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, се обидиоа да го подобрат дигиталното владеење преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика.
Јул 25, 2023
Плочникот во струшката чаршија во лоша состојба
Струшката чаршија го губи автентичниот лик
Старите мермерни плочки се распаѓаат, а наместо ревитализација се заменуваат со несоодветни материјали. Под притисок на урбаната и градежна експанзија комплетно е изменета и старата градска архитектура. Експертите велат старото струшко јадро треба да се заштити со посебен закон.
Јул 25, 2023
Summer Comedy Marathon 2023
Вечерва Girls Show на програмата на Summer Comedy Marathon 2023
Неверојатна стендап вечер со дамите Надица Петрова и Ангела Стојановска.
Јул 25, 2023
Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова
Џудо Прирачник за лица со интелектуална попреченост креираа Џудо Клуб Дрим и Порака Нова
Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо.
Јул 25, 2023
Фестивал Охридско лето
Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски вечерва на Охридско лето
Дела од Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн ќе музицира Франк Дупре Трио од 21 часот, во црквата „Света Софија“,. Претходно, во 19 часот и 30 минути во Предворјето на црквата ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Над кулисите“.
Јул 25, 2023
Собрание на РСМ
Започнува расправата за уставните измени на Комисијата за уставни прашања
Се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши најдоцна до 9 август.
Јул 25, 2023
УХМР
И денеска сончево и топло, од четврток пад на дневната температура
Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.