Авг 29, 2023
Диви свињи ги пустошат нивите на брегот на Охридското Езеро
Диви свињи прават пустош на земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Популацијата, поради забраната за лов во НП Галичица е премногу намножена и во потрага по храна, животните ги уништуваат нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја на потегот од Студенчишкото блато до населбата Свети Стефан. Земјоделците бараат помош од државата.
Авг 29, 2023
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година. Во континуитет се намалува бројот на ученици во Охрид, градските советници ќе носат одлука за формирање на паралелки под 20 ученици. Драстично е намален и бројот на првачиња во однос на лани. Главен фактор иселувањето и намалениот наталитет.
Авг 29, 2023
Ансамбл Билјана
Годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“
Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја.
Авг 29, 2023
Општина Охрид
Започнува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“
Од општината апелираат до граѓаните што живеат и гравитираат на овој дел од градот да се придржуваат до новиот сообраќаен режим.
Авг 29, 2023
Општина Охрид
Од утре времен сообраќаен режим на улица „Анастасија Узунова“
На улицата ќе се изведуваат градежни зафати за реконструкција на водоводна линија.
Авг 29, 2023
Совет на Општина Охрид
Бурна расправа седницата на Советот за извештаите од работата на јавните претпријатија
Генерално позитивни извештаите од работењето на јавните претпријатија во вториот квартал од годинава.
Авг 28, 2023
Детски поетски камп
Заврши петтиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”
Младите литерати од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Грција и Македонија, другаруваа три дена во Охрид, Струга (заедно со учесниците на СВП}, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.
Авг 28, 2023
Водени спортови
Успешно прво издание на Ohrid Water Festival
Со Рок симфонијата на Камерниот оркестар од Битола, синоќа заврши првото издание на Фестивалот на водени спортови.
Авг 28, 2023
Православен календар
Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.