Јул 8, 2023
Ракија и мезе на Долна Порта
Денеска од 16 часот кај Долна Порта прв Ракија базар
Над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери…и вкусни деликатеси од членови на Slow food Ohrid.
Јул 8, 2023
60 години славење на љубовта
Љубовта на охриѓанката Елисавета и галичанецот Оливер ќе се слави на Галичка свадба
Годинава охриѓанката Елисавета Булоска ќе биде галичка невеста, а нејзиниот избраник Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески е зетот.
Јул 8, 2023
one-stop shop
Во завршна фаза е воспоставувањето на едношалтерски систем на Ќафасан
Во завршна фаза е проектот за едношалтерски систем – заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан Caftane. Завршија административните формалности започнуваат инфраструктурните зафати. .Идејата започна во 2018 година, а потоколите со Албанија за имплементација на „one-stop shop”беа потпишани во ноември лани.
Јул 8, 2023
УХМР
Сончево време со температура до 28 степени
Следува период на стабилно и суво време. Од понеделник температурата насекаде ќе биде во значителен пораст.
Јул 7, 2023
Синдикална кошница
Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари
Од ССМ велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.
Јул 7, 2023
Центар за јавно здравје Охрид
Водата во Охридско Eзеро и понатаму со одличен квалитет според анализите на ЦЈЗ
Одличен е квалитетот на површинскитре води, речиси од сите мерни местa, во однос на микробиолошките и хемиските својства, покажуваат најновите анализи на Центарот за јавно здравје. Со зголемување на температурите и бројот на туристи во месеците јули и август, се очекува одреден пад на квалитетот на водата, но од центарот велат дека будно ќе ја следат ситуацијата.
Јул 7, 2023
Охрид и Охридско езеро, приказна со душа
(видео) ТАВ Македонија ангажира познат српски блогер да го промовира Охрид
Српскиот блогер креира водич за патување за Охрид за српската популација на Балканот, преку различни содржини на социјалните мрежи објавени од страна на блогот putuj.rs, преку страниците на Instagram и Facebook, како и преку 30-минутно видео за Охридското Езеро објавено на неговиот канал на YouTube.
Јул 7, 2023
Општина Охрид
Забраната е на сила, се вршат само неопходни санации на инфраструктурата
За сите други градежни активности во подрачјето од градот опфатено со забраната, од општината ги повикуваат фирмите и граѓаните да се воздржат од било какви градежни зафати за време на туристичката сезона.
Јул 7, 2023
СВР Охрид
Охриѓанец со возило удрил во пешак и три паркирани возила на ул „7 ноември“
По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.