Сеп 26, 2025
општина охрид
Утре затворена за сообраќај дел од улицата „Димитар Влахов“
Утре активности на на фекалната канализација на улицата „Димитар Влахов“.
Сеп 26, 2025
Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, 170 лица чекаат бубрег
Во година и половина направени се 4 кадаверични трансплантации. Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, но причина број еден е малиот број на донори. Здруженијата велат итно е потребна национална кампања за зголемување на свеста за органодарување..
Сеп 26, 2025
Кандидатите за градоначалници на Охрид и Вевчани потпишаа Кодекс за фер и демократски локални избори
Изборната кампања за првиот круг на гласање започнува во понеделник, 29 септември во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 17 октомври. Првиот круг од изборите ќе се одржи во недела, 19 октомври.
Сеп 26, 2025
Интеграција на македонскиот пазар на капитал со пазарите во Југоисточна Европа
Во Охрид денеска започна 24-тата Годишна конференција на Македонска берза. Традиционалниот настан собра на едно место 240 учесници и 36 говорници од седум држави, од финансискиот и корпоративниот сектор, инвеститори, институции и академската заедница. Во фокусот се значајни теми, како: македонските и регионалните економски перспективи, важноста на малите берзи, можностите и предизвиците за раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал.
Сеп 26, 2025
МВР од денес ќе ги казнува пешаците со слушалки или телефон во рака
Законот ги обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои можат да го намалат вниманието при преминување улица или велосипедска патека.
Сеп 26, 2025
УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Во понеделник трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Универзитетот за информатички науки и технологии се издвојува како интернационален центар за ИКТ образование и нуди можности за стипендии, вклучително и поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.
Сеп 26, 2025
УХМР
Денес променливо облачно и посвежо
Минималните температури во Охрид од 14, а максималните до 23 степени Целзиусови.
Сеп 25, 2025
Здружение на бубрежни болни граѓани – НЕФРОН
Струга е домаќин на Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant
Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со активности прилагодени за можностите на пациентите од дијализа и трансплантација.
Сеп 25, 2025
општина охрид
Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“
Со финансиска поддршка на Општина Охрид, денеска асфалтирани околу 1 700 м2 од улицата „Дејан Војвода“, а утре нов асфалт ќе добијат и улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.