Skip to main content
Мај 24, 2023
„Писмото е нашиот универзум“
Покажавме дека сме достојни следбеници на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, темелниците на европскиот интеркултурализам, кон што денес е насочена и целата современа, мултикултурна Европа. Македонскиот јазик опстојувал низ вековите, а преку него опстојуваме и ние, подвлече во своето обраќање на Плаошник, премиерот Ковачевски.

Мај 24, 2023
Кирилометодиеви следбеници
На најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари градоначалникот Кирил Пецаков, заменик-градоначалникот Перчо Божиновски и раководителот на Секторот за образование Димитар Спасески им доделија пригодни подароци за успехот.

Мај 24, 2023
Граѓански сектор
Саем на невладини организации од граѓанскиот сектор, за промовирање волонтерски можности за младите во летниот период.

Мај 24, 2023
Влада на РСМ
Пензионерите ќе може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 мај.

Мај 24, 2023
„50 најзадолжени“
Шест најзадолжени општини се Тетово, Гостивар, Охрид, Делчево, Струга и Прилеп. Во привиот квартал нивниот вкупен долг изнесувал речиси 36 милиони евра што е повеќе од половина од вкупниот долг на сите општини.

Мај 24, 2023
Славјан сликаше на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Мај 24, 2023
Ден на сесловенските просветители
Државната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, е напладне на Плаошник. Централната свеченост на Општина Охрид ќе започне со полагање свежо цвеќе пред монументалниот споменик на Св. Кирил и Методиј на плоштад и доделување награди за најдобрите ученици.

Мај 24, 2023
УХМР
Температурата во пораст, утринската до 10 степени , а максималната дневна ќе се искачи до 22 степени.

Мај 23, 2023
Балканскиот Ерусалим и мау Париз низ уметничкиот сензибилитет на Симјаноски
45 мотиви од Охрид и Тетово во сув пастел ќе бидат претставени на изложбата на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски, на 26 мај, во Дом на АРМ / Музеј на тетовски крај.