Skip to main content
Мај 1, 2023
Прва македонска фудбалска лига
На три кола до крајот Струга е лидер на табелата со 59 бодови и има пет бодови повеќе од второпласираната Шкендија, а пак на третото место е Шкупи со 52 бодови.

Мај 1, 2023
Алтернативниот туризам зема замав во струшко
Расте интересот за кајакарење, планинарење, велосипедизaм во струшко. Главна атракција и оваа сезона е кајакарската авантура од Охридското езеро, преку реката Црн Дрим до акумулацијата Глобочица. Активистите велат потребна е поголема поддршка и промоција на овој вид туризам од страна на институциите.

Мај 1, 2023
Евакуација од жариштето на воениот конфликт
Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт по што добило потврда дека сите членови се во добра здравствена состојба.

Мај 1, 2023
Туризам
Третиот во низата продолжени празнични викенди го исполни Охрид со туристи. Покрај домашните, најбројни туристите од соседна Србија.

Првачиња
Мај 1, 2023
Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk
Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи.

Мај 1, 2023
Древна струшка Еордија
Моштите на Великомаченикот Георгиј Победоносец, кој со своите молитви ја закрилува Струга, ќе го осветат древниот град.

Мај 1, 2023
Ден на трудот
Секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, порача шефот на државата.

Мај 1, 2023
Поетска престолнина
Во светската престолнина на поезијата Струга, Алејата на писателите, наместо културно катче, е комплетно запуштено место.

Мај 1, 2023
Натпревари од европски лиги на стадионот во Охрид
Струга Трим Љум објави дека настапите во Лигата на шампионите или Лига Европа како домаќин ќе ги игра на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид.