Skip to main content
Апр 26, 2023
Тим експерти утре на состанок со Градоначалникот на Струга
Проблемот со дивогрaдбите  во Струга е најголем, според  експертот од Бернската конвенција д-р Андреј Совинц. Утре претставниците на Рамсарската , Бернската конвенција и експерти од Унеско ќе се обидат на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да му го објаснат значењето на конвенциите кои се однесуваат и на Струга како  дел од Охридскиот регион.

Апр 26, 2023
Летна туристичка сезона 2023
Според хотелиерите без оглед на енергетската криза и инфлацијата цените на аранжманите се поволни и атрактивни, Охрид и натаму е најевтина дестинација на Балканот.

Апр 26, 2023
ЈП Водовод – Охрид
Екипи на ЈП Водовод – Охрид ќе вршат поправка на уличен шибер.

Апр 26, 2023
Екологија
Претставниците на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО, пристигнаа во Охрид. Велат, потребно е едно раководно тело и акција на терен.

Апр 26, 2023
Полициски билтен
Неколку лица, од кои тројца од Скопје, физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило.

Апр 26, 2023
Антикризни мерки
КАМ, Веро, Кипер, Стокомак, Тинекс се дел од маркетите кои ја прекршиле владината одлука, чии имиња јавно ги кажа Министерот за економија, Крешник Бектеши

Апр 26, 2023
ЈП Охридски комуналец
Отпадот од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) граѓаните треба уредно да го депонираат до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Апр 26, 2023
Уништување на природното наследство
Машините се регистрирани на албанска страна на езерото, кај Тушемиште. Oва е уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот Регион, дека уништувањето продолжува, со несмалено темпо и од другата страна на границата.

Апр 26, 2023
Јапонска приватна компанија планира да слета на Месечината до 2030та
Мало, приватно финансирано јапонско вселенско летало се обиде да слета на Месечината во вторникот, но контролорите на летот во Токио изгубија контакт со леталото.