Апр 18, 2023
Семејно насилство
Охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга
Повторно семејно насилство во полицискиот билтен на СВР Охрид.
Апр 18, 2023
НУ Завод и Музеј Охрид
Се менува дрвената конструкција на Антички
Просторот ќе биде затворен за посетители.
Апр 18, 2023
Етнологија
Етно сувенирите на чичко Стојан
Плаќанецот Стојан Ѓорѓиески во својата малечка работилница во Охрид повеќе од една деценија изработува најразлични етно сувенири.
Апр 18, 2023
Стендап
Не пропуштајте ја последната изведба на „Да БолиТ“
Дали набавивте влезници за шоуто? Никола Тодороски со специјалните гости Ве очекуваат овој петок во Rebel.
Апр 17, 2023
Мечка со мало мече прави пустош врз пчеларници во охридско
Мечка со мало мече неколку месеци прави пустош врз пчеларници во охридско. На само двеста метри од магистралниот пат Охрид – Св. Наум во близина на хотелот Инекс Олгица, животното досега уништило десетици пчелни семејства. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи на овој потег, се движат граѓаните и голем број рекреативци, како и учениците од населбата Шипокно кои учат во училиштето во Рача.
Апр 17, 2023
Алтернативен туризам
Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман
На Јабланица и Караорман ќе се мапираат и обележуваат велосипедските патеки. Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки.
Апр 17, 2023
Адвокатска канцеларија струга
Адвокати бараат измена во законот за плати на функционерите
Адвокатска канцеларија од Струга поднесе иницијатива за измена на чл.11 од Законот за плата на избрани и именувани лица, со што основицата за пресметка на платата на фукционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година. Оваа измена на законот е оправдана поради економската криза, а воедно на овој начин ќе се изврши усогласување на платите на избраните и именуваните лица согласно стандардот во државата.
Апр 17, 2023
Трагедија
Во сообраќајка загина 31-годишен жител на Враништа
Триесет и едно годишно лице од село Враништа вчера загина на локалниот пат во Центар Жупа, информираат од МВР.
Апр 17, 2023
Соопштение мвр
Скопјанец и охриѓанка провалиле во викендица во Струга
30-годишен жител на Скопје е уапсен поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.