Апр 20, 2023
Празници
Рамазан Бајрам неработен ден
Од министерството за труд и социјална политика им го честитаат празникот на граѓаните
Апр 20, 2023
Берлински процес
Слобода на движење со лични карти и признавање дипломи и квалификации
Собранието ги ратификува договорите од самитот на Берлинскиот процес со кој се овозможува слободно движење на граѓаните со лична карта во Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, мобилност на студентите и побрзо и поедноставно признавање на високообразовните квалификации како и олеснување на движењето и обезбедување услуги на лекари, стоматолози и архитекти во Западен Балкан.
Апр 20, 2023
УХМР
Во Охрид денес умерено облачно и потопло
Максималните температури во државава од 11 до 22 степени.
Апр 19, 2023
Општина Дебрца
Требеништа ќе добие ново детско игралиште
Изградба на детско игралиште во село Требеништа е изборот на учесниците на четвртата форумска сесија од проектот ,,Зајакнување на општинските совети” фаза 2.
Апр 19, 2023
Сообраќај
Се поставуваат забавувачи на брзина
Локациите ги одредиле стручните служби од Општина Охрид.
Апр 19, 2023
Охрид ТрчаТ и почесен конзулат на Р.Србија
Охридските маратонци ќе учествуваат на Белгрaдскиот маратон
Охридските маратонци од Охрид ТрчаТ престојниов викенд ќе учествуваат на Белградскиот маратон. Целта е културно и спортско сплотување на двата народи. Иницијативата е под покровителство на Почесниот конзулат на Р Србија во Охрид. Ќе се претстават 50 тркачи од Охрид ТрчаТ, а на засебен штанд на Белград експо ќе се промовира градот Охрид.
Апр 19, 2023
УНЕСКО
Кон крајот на април во Охрид доаѓаат експертите на Унеско
За неколку денови во посета на Охрид доаѓаат претставници на Унеско и Бернската конвенција. Првиот човек на градот очекува позитивен исход од увидот на експертите. Вели, и покрај негативните кампањи и недостигот на финансии општината посветено работеше и работи на спроведување на препораките за заштита на културното и природното богатство.
Апр 19, 2023
Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца
Градоначалникот Пецаков во посета на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца
Градоначалникот ги ислуша нивните проблеми и барања и вети дека ќе помогне во подигнување на квалитетот на живот на оваа група граѓани.
Апр 19, 2023
Фолклорен фестивал
Во петок „Велигденски фестивалски денови во Охрид“
На платото пред Центарот за култура од 17.30 часот ќе настапат 6 фолклорни ансамбли од Грција, Србија и Бугарија со повеќе од 200 учесници.
