Апр 12, 2023
Охридско лето продолжува со концерти преку цела година
Вечерва Велигденски концерт Воскресение твоје
Вечерва во црквата „Света Софија” со почеток од 20 часот ќе се одржи Велигденски концерт „Воскресение твоје” со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” од Скопје.
Апр 12, 2023
Помазување на христа од покајаната грешница
Денеска е Велика Среда
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници.
Апр 12, 2023
Министерство за труд и социјална политика
Петок и понеделник неработни денови
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.
Апр 12, 2023
Црвен крст охрид
Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
Членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски во соработка со Црвен крст, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
Апр 11, 2023
Семејно насилство
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
Приведен 32-годишен охриѓанец кој физички ја нападнал својата сопруга. Од СВР Охрид информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Апр 11, 2023
Охридско крајбрежје
Солидно исполнети хотелските капацитети за Велигденските празници
Во текот на продолжениот Велигденски празничен викенд хотелските капацитети на охридското крајбрежје ќе се исполнат помеѓу педесет и шеесет проценти со гости од земјава и регионот. Тоа ги подгрева надежите на хотелиерите и угостителите дека претстојната туристичка сезона ќе биде поуспешна од минатогодишната.
Апр 11, 2023
Економија
Корегирани замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот
Доматите и краставиците нема да смее да се продаваат по цена повисока од 95 денари по килограм, а за десет денари расте и цената на кромидот.
Апр 11, 2023
Парк на поезијата струга
Беседа во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон
Со пригодна беседа „Струшките вечери на поезијата“ денес му оддадоа почит на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Настанот се одржа во паркот на поезијата, веднаш до дрвото кое поетот го засадил во 1990 година кога беше добитник на Златниот венец. Специјални гости на настанот беа членовите на најблиското семејство, неговата сопруга која е Македонка и нивната ќерка.
Апр 11, 2023
Совет на општина охрид
Одржана 26-тата седница, усвоени повеќе одлуки
Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 26-тата седница. Мнозинството усвои предлог одлуки со кои се предвидува издавање локации за поставување урбана опрема покриени и непокриени шанкови на територија на општината. Опозицијата бараше одложување на овие точки со кои беше дополнет дневниот ред затоа што материјалите за истите ги добиле во 5 до 12. На седницата беше одобрено задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со хипотекарен кредит за набавка на половни возила и тоа беше единствената точка по однос на која се разви дискусија.