Skip to main content
Апр 11, 2023
Семејно насилство
Приведен 32-годишен охриѓанец кој физички ја нападнал својата сопруга. Од СВР Охрид информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Апр 11, 2023
Охридско крајбрежје
Во текот на продолжениот Велигденски празничен викенд хотелските капацитети на охридското крајбрежје ќе се исполнат помеѓу педесет и шеесет проценти со гости од земјава и регионот. Тоа ги подгрева надежите на хотелиерите и угостителите дека претстојната туристичка сезона ќе биде поуспешна од минатогодишната.

Апр 11, 2023
Економија
Доматите и краставиците нема да смее да се продаваат по цена повисока од 95 денари по килограм, а за десет денари расте и цената на кромидот.

Апр 11, 2023
Парк на поезијата струга
Со пригодна беседа „Струшките вечери на поезијата“ денес му оддадоа почит на големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Настанот се одржа во паркот на поезијата, веднаш до дрвото кое поетот го засадил во 1990 година кога беше добитник на Златниот венец. Специјални гости на настанот беа членовите на најблиското семејство, неговата сопруга која е Македонка и нивната ќерка.

Апр 11, 2023
Совет на општина охрид
Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 26-тата седница. Мнозинството усвои предлог одлуки со кои се предвидува издавање локации за поставување урбана опрема покриени и непокриени шанкови на територија на општината. Опозицијата бараше одложување на овие точки со кои беше дополнет дневниот ред затоа што материјалите за истите ги добиле во 5 до 12. На седницата беше одобрено задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со хипотекарен кредит за набавка на половни возила и тоа беше единствената точка по однос на која се разви дискусија.

Апр 11, 2023
Заштита на културното наследство
Во рамки на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство.

Апр 11, 2023
Творештво
Објавен конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ за 2023 година востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Апр 11, 2023
ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП „Градски Пазар“ за период од две години.

Апр 11, 2023
Јп градски пазар
ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор-локација за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.