Skip to main content
Апр 7, 2023
Годишнина од неговата смрт
По повод годишнината од смртта на Методи Патчев, денеска беше положено свежо цвеќе пред неговото спомен обележје.

Апр 7, 2023
Агенција за храна и ветеринарство
Пред велигденските празници, инспекциските служби на АХВ спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.

Апр 7, 2023
Предавањето беше во организација на женски центар бисера
Предавањето беше во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.

Апр 7, 2023
Стручно училиште нико нестор струга
Пекари, слаткари и текстилци се едни од најбараните стручни кадри. Со дуално образование стручното средно училиште „Нико Нестор“ ќе го надополнува недостигот на кадар на пазарот на трудот. Дуалното образование се смета за „златен стандард“ во светот, тоа е од голема важност бидејќи таквото комбинирање на настава и пракса придонесува за развој на високо квалитетни практични вештини, кои ги бараат работодавците.

Апр 7, 2023
Творештво
Природните и културни богатства на Охрид и eзерото, неисцрпна испирација за бакарните уметнички предмети на охриѓанката Данче Наумоска. Таа повеќе од две децении работи дела од бакар, занает кој го наследила од нејзиниот татко. Вели, дека уникатноста и желбата за нови знаења и усовршување на стекнатите се рецептот да се остане одржлив во време онлајн трговијата. Трагачите по уникатни рачни изработки и уметноста, секогаш знаат да го препознаат и квалитетот.

Апр 7, 2023
Пронајдена марихуана
При контрола на патничко возило „фиат пунто” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана.

Апр 7, 2023
Женски камерен хор света злата мегленска
На 12 април во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот ќе се одржи Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје.

Апр 7, 2023
Субвенции за клима уреди
Физички невозможно е охриѓани за два до три часа најпрво да разберат за повикот, па да ја соберат целокупната документација, и да аплицираат во архива, велат од СДСМ Охрид во врска со повикот на локланата за субвенционирање клима уреди.

Апр 7, 2023
Одржување на локални улици
Поради дотраеноста и целосната амортизираност потребно е реконструкција на потпорни ѕидови на одредени локални патишта и улици на територијата на општина Вевчани.