Skip to main content
Апр 5, 2023
Зачувување на природното и културно наследство
Или зачувување и одржлив развој или целосна девастација, се двете можни визии за регионов кој е под закрила на УНЕСКО. Потребни се заеднички напори за негово зачувување, порача Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија, при неговата посета на Општина Дебрца.

Апр 5, 2023
За двата случаи ќе бидат поднесени пријави
Во атарот на селата Лешани и Велмеј, шумочуварската служба од Подружницата Галичица во Охрид заедно со Шумската полиција од Охрид открија бесправна сеча на огревно дрво.

Апр 5, 2023
Измама
Граѓаните да не одговараат на СМС пораки со кои им се бара да пополнат задолжителна пријава за УЈП. Веб страната е лажа, станува збор за измама и можна злоупотреба на податоци, предупредуваат од Управата за јавни приходи.

Апр 4, 2023
Сообраќајни контроли
Полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште (Охрид-16, Струга-13, Кичево- 3).

Апр 4, 2023
Во Охрид и околината денеска беше реализирано тековно одржување на јавната чистота, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Апр 4, 2023
Свр билтен
Четириесет и две годишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат со тврд предмет од едно лице во селото Орман.

Апр 4, 2023
Дипломирал со просек 10
Дваесет и седум годишниот Даниел Шикоски од Струга е првиот театарски режисер со хендикеп во земјава, кој дипломирал со проесек 10. Има три факултетски дипломи, а работи на магистратура за театарска режија. Неговиот оштететен вид не го попречува до целта, вели сака да докаже дека и лицата со попречености може да бидат успешни и самостојни.

Апр 4, 2023
Временска прогноза
Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Апр 4, 2023
Екологија
Комуналниот отпад од Југозападниот и Пелагонскиот регион ќе се третира во регионална санитарна депонија во Новаци.