Skip to main content
Апр 11, 2023
Совет на општина охрид
Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 26-тата седница. Мнозинството усвои предлог одлуки со кои се предвидува издавање локации за поставување урбана опрема покриени и непокриени шанкови на територија на општината. Опозицијата бараше одложување на овие точки со кои беше дополнет дневниот ред затоа што материјалите за истите ги добиле во 5 до 12. На седницата беше одобрено задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со хипотекарен кредит за набавка на половни возила и тоа беше единствената точка по однос на која се разви дискусија.

Апр 11, 2023
Заштита на културното наследство
Во рамки на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство.

Апр 11, 2023
Творештво
Објавен конкурс за доделување на наградата „Антево перо“ за 2023 година востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Апр 11, 2023
ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП „Градски Пазар“ за период од две години.

Апр 11, 2023
Јп градски пазар
ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор-локација за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

Апр 11, 2023
Во акцијата за расчистување ќе се опфатат и локални улици кои се наоѓаат во урбаниот дел на Општина Вевчани.

Апр 11, 2023
Екологија
Водостојот на Охридското езеро над дозволениот минимум периодов, но сепак под просекот за овој месец. Состојбата константно варира.

Апр 11, 2023
Станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ.

Апр 11, 2023
Временска прогноза
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени.