Мар 18, 2023
Брег на охридското езеро
Рачна граната пронајдена кај Пештани
Рачната граната е безбедно подигната од претставник на Дирекција за заштита и спасување за натамошна постапка.
Мар 17, 2023
Рано откривање и третман
Бесплатен скрининг за бубрежни заболувања во струшка Нефрологија
Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во Специјалната болница за Нефрологија во Струга. Голем број граѓани ја искористија можноста да направат прегледи и да ги слушнат советите од лекарите. Според статистиката, во светот 850 милиони луѓе имаат некоја форма на бубрежна болест. Кај нас бројката на заболени е 150 илјади од кои еден процент се на дијализа.
Мар 17, 2023
Општина охрид
Комитетот за односи меѓу заедниците во Охрид
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и претседателот на Советот Сашо Донев, остварија средба со Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Република Македонија.
Мар 17, 2023
Крводарителство
Успешна година за крводарителството во Охрид
По повод Денот на крводарителството и денот на Црвениот крст, беа доделени благодарници на најуспешните крводарители во Охрид и Дебрца.
Мар 17, 2023
Општина охрид
Пецаков оствари средба со делегација од Јапонија
Јапонска делегација составена од владини претставници и претставници од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на пречистителни станици за отпадни води, денеска остварија средба со градоначалникот Пецаков.
Мар 17, 2023
Во должина од 80 метри
Започна изградбата на пешачката патека Плаошник-Канео
Патеката од Плаошник до Канео е во должина од 80 метри, а ќе биде поплочена со камен. На патеката Канео-Лабино во тек се активности за поставување на нова заштитна ограда.
Мар 17, 2023
Јп водовод
Се санира пукната цевка, населба Црногорци без вода
Прекинот во водоснабдувањето во населбата „Црногорци” ќе се пролонгира за неколку часа, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Мар 17, 2023
Свр охрид
Посебен режим на сообраќај во Охрид за претстојниот викенд
На подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки поради поради средбата меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер што викендов ќе се одржи во Охрид.
Мар 17, 2023
Сообраќајни контроли
Казнети 13 возачи во Охрид за непрописно престигнување
Казнети 25 возачи на подрачјето на СВР Охрид, кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-13,Струга-08, Кичево-02, Дебар-02).