Skip to main content
Мар 10, 2023
Општина дебрца
Вкупната вредност изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР, преку Бирото за регионален развој, а 765.407 денари се учество на Општина Дебрца.

Мар 10, 2023
Владина седница
Владата донесе одлука да ги замрзне цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Јилдиз Веапоска
Мар 10, 2023
Судењето е закажано за 9 мај
По трет пат се одложи судењето против тројцата гинеколози од струшката болница кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинението поради лекарска грешка при породување родилката Јилдиз Веапоска, медицинска сестра од Дебар остана без три органи- јајник, матка и бубрег. Веапоска вели како одминува времето, таа се чувствува се полошо и физички и психички, а дополнително е изложена на трошоци за секое доаѓање на рочишта во Основниот суд Струга.

Мар 10, 2023
Црвен крст охрид
Програмски се продолжува со ширење на хуманата мисија и мотивирањето на граѓаните да бидат херои и да спасат нечиј живот, велат од Црвен крст Охрид.

Мар 10, 2023
Општина охрид
Општина Охрид донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ урбанистички план за село Долно Лакочереј.

Мар 10, 2023
Свр билтен
Кривична пријава против 25-годишен стружанец и неговата вонбрачна сопруга, поради запуштање и малтретирање на дете. Констатирано е дека во домот на пријавените врз 16-месечно бебе паднал дел од мебел.

Мар 10, 2023
Свр охрид
Казни за 31 возач поради непрописно паркирање на коловоз. Казнети и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола.

Мар 10, 2023
Лишен од слобода
Пред казино на улицата „Партизанска“ приведен е охриѓанец, кај кого при претрес на полицијата пронајдена е марихуана.

цени
Мар 10, 2023
За 15% се намалува цената на тестенините
Владата донесе одлука да ги замрзне цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто.