Мар 15, 2023
Амсм
Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата
Казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Мар 14, 2023
Седница на совет на општина охрид
Висока реализација на буџетот за 2022 година, но и понатаму без капиталните проекти
Разгледувањето на годишните извештаи за реализација на програмите и на буџетот на општина Охрид за 2022 година на денешната седница на Совет се претвори во политичка пресметка кој имал повисок процент на успешност, оваа или минатата локалнa власт, и зошто не се реализираат капитални проекти како плоштад Kрушевска република, катната гаража и Кеј Македонија.
Мар 14, 2023
И покрај патентирањето на охридскиот бисер
Продажбата на лажни бисери се провлекува со години
Нелојалната конкуренција на Охридските бисери се провлекува со години. Државата во 2012 година ги брендира бисерите на двете охридски семејства, Филеви и Талеви, како најстара трговска марка и патент. Но таа заштита е само на хартија, во сите трговски дуќани за накит се продаваат лажни бисери.
Мар 14, 2023
Државен завод за статистика
Зголемен бројот на туристи
Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 е зголемен за 10,3 отсто.
Мар 14, 2023
Извршиле престигнување на непрегледни мести
Санкционирани 36 возачи во Охрид, 13 во Струга
Казнети 56 возачи на подрачјето на СВР Охрид, кои извршиле престигнување на непрегледни места, (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03).
Мар 14, 2023
Централна потерница
Приведено лице во Охрид барано поради бегство од затвор
Во Охрид е приведен 35-годишен жител на Штип кој бил баран по централна потерница поради бегство од затвор.
Мар 14, 2023
Јп водовод и канализација
Во четврток цела Струга без вода
Во четврток на 16-ти март од 10 до 17 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на целата територија на општина Струга поради изведување работи од „ЕВН“.
Мар 14, 2023
Економија
Дали ќе се увезува работна сила од странство?
Десет илјади работници и недостигаат на Македонија на годишно ниво. Најмногу во секторите градежништво, угостителство и туризам.
Мар 14, 2023
Монтажа на мехатронички сетови
Ученици од ОЕМУЦ на работилница во Костал
Целта на оваа работилница беше воведување на современа дидактичка опрема-сетови за мехатроника, кои ќе се користат за подготовка и полагање на завршните практични испити по германски стандарди.