Skip to main content
Мар 1, 2023
Лица со посебни потреби тренираат со професионални џудисти
Преку спорт и рекреација поголема инклузија на лицата со попреченост од Струга. Петнаесетина лица со посебни потреби од струшко докажуваат дека спортот и физичкото вежбање не се резервирани само за „здравите” лица. Три часа неделно тренираат џудо заедно со професионалните спортисти. Во нашата земја потребни се подобри услови за спорт и рекреација за лицата со попреченост.

Мар 1, 2023
Обезбедени 400 илјади евра
Со 400 илјади евра ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Ќе се менуваат подовите, модернизираат операционите сали и комплетно ќе се реновира одделот за Холидеј дијализа. Со сите овие зафати се исполнуваат условите за развој на здравствен туризам. Проектот е на владата поддржан од Швајцарската амбасада.

Мар 1, 2023
Општина охрид
Должината на новата фекална канализација изнесува 60 метри во вредност од 463 744 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Мар 1, 2023
Владина одлука за замрзнување на цената на лебот
Рафтовите останаа празни во продавниците, а пекарите не доставија леб за цена од 33 денари. Не отстапија од ставот дека ќе го прекинат производството по владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб. Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат ја следат ситуацијата на терен.

Мар 1, 2023
Повредени се три лица
Автомобил со охридски регистарски ознаки излетал од патот Охрид-Свети Наум. Во несреќата со повреди се здобиле тројца охриѓани.

Мар 1, 2023
Министерство за транспорт и врски
Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 март до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски.

Мар 1, 2023
Државна изборна комисија
Државната изборна комисија денеска го испрати јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список.

Мар 1, 2023
Временска прогноза
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени, информираат од УХМР.

Мар 1, 2023
Градежни активности
Денеска и утре изменет режим на сообраќај на бул. „Македонски Просветители“ поради изведување на градежни активности.