Фев 27, 2023
Градежни активности за асфалтирање
Забрана за паркирање на ул. Ѓорче Петров
Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.
Фев 27, 2023
Животни приказни
Сукова ги бара Билјана и Зорица од Охрид
Барбара Сукова, една од ѕвездите на европскиот филм и годинешната лауретка на белградскиот филмски фестивал, ги бара охриѓанките Билјана и Зорица. Таа ја искористи прес конференцијата на фестивалот да упати молба до јавноста да и помогне да ги пронајде двете девојки кои ги запознала како тинејџерка во Охрид.
Фев 27, 2023
Св. Апостол Павле
Нова терминална зграда за охридскиот аеродром
Ќе се гради нова Терминална зграда за Охридскиот Аеродром. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потврди дека е разговарано изградбата на новата терминална зграда да започне во текот на оваа година во координација со ТАВ Македонија. Реализацијата на проектот ќе го зголеми капацитетот и можност за дополнителен развој на аеродромот кој низ годините го зголемува својот обем на сообраќај.
Фев 27, 2023
Основен суд Охрид
Дојава за бомба во охридскиот суд
После антитерористички проверки на судската зграда, се утврди дека заканата е лажна. Дојави за бомби денеска пристигнаа на електронските пошти на 19 средни и девет основни училишта во земјава.
Фев 27, 2023
Јп водовод
Се поставува нова водоводна линија на ул. Пирин Планина
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри.
Фев 27, 2023
Јп охридски комуналец
Се уредуваше јавното зеленило низ Охрид
Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Фев 27, 2023
Кампања ги запознаваме ретките болести
Најмладите охриѓанчиња со поддршка за лицата со ретки болести
Преку културно-забавниот настан, поддршка на ретките им дадоа повеќе од 150 деца и нивните родители, како и голем број жители на Охрид.
Фев 27, 2023
Пожарникарите четири часа ги штителе куќите
Пеплосана голема површина трска во Охрид
Во пожарот изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имало опасност да се загрозат поблиските куќи.
Фев 27, 2023
Чист понеделник
Денеска започнува Велигденскиот пост
За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 16 април.